Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ќе се врати во Премиерлигата, иако има понуди и од неколку други земји.
Алиоски минатата година го напушти Лидс и се пресели во Ал-Ахли, но неговата екипа испадна од елитата во Саудиска Арабија, па левиот бек се враќа во Европа.
Македонскиот репрезентативец беше еден од најдобрите фудбалери на Ал-Ахли, па поради тоа привлече интерес од неколку екипи, а најзаинтересиран за услугите е неговиот поранешен тим Лидс.
Лидс планира да ја поправи грешката од лани, кога го пушти Алиоски да си замине, но интерес постои и од турскиот шампион Трабзонспор.