Алиоски во јануари се сели во Серија А!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно ќе се врати во Европа, односно ќе заигра во италијанската Серија А во јануари.

Италијанските медиуми објавија дека неколку екипи се заинтересирани за услугите на македонскиот фудбалер, кој минатата сезона играше фантастично во екипата на Лидс.

Како следна дестинација на Алиоски се споменува екипата на Верона, откако на почетокот на сезонава замина во Ал Ахли од Саудиска Арабија.

Алиоски во текот на кариерата настапуваше за уште неколку европски екипи, како што се Лугано, Шафхаузен, а беше дел и од младиот тим на Јанг Бојс, па сега би можел да заигра и во калчолигата.