Алисон блесна против ПСЖ и беше избран за најдобар играч во ЛШ оваа недела


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голманот на Ливерпул Алисон Бекер денеска беше прогласен за најдобар играч во Лигата на шампионите оваа недела, во која се одиграа првите натпревари од осминафиналето на елитното европско натпреварување.

Алисон на натпреварот против Пари Сен Жермен, кој неговиот тим го победи на гости со 1:0, блескаше и одигра партија на животот, спречи играчите на францускиот тим да слават убедливо, им одбрани четири зицера, забележа дури девет одбрани, со што постави нов клупски рекорд по број на интервенции на натпревар од Лигата на шампионите.

Второто место во изборот за најдобар играч на неделата го зазеде напаѓачот на Реал Мадрид Родриго, трет беше центарфорот на Бајерн Минхен Хари Кејн, додека четвртото место му припадна на играчот од средината на теренот на Арсенал Мартин Одегард, се пишува во објавата на Лигата на шампионите на социјалната мрежа „X“.