Предизвик за нутриционист: Која храна е поздрава!? ↓↓↓
Тимот на Алкалоид, кој го освои ракометниот Куп на Македонија, ќе се пресретне со романскиот Баја Маре во четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп.
Баја Маре е една од најдобрите екипи во романското првенство, моментално е четврти на табелата со 35 поени. Тимот заостанува 14 бодови зад водечкиот Динамо Букурешт и досега има постигнато 11 победи, 3 порази и 2 нерешени натпревари.
Алкалоид е со надеж за добар резултат во првиот дуел, кој ќе игра клучна улога за нивниот пласман во полуфиналето.