Алкалоид го надигра Охрид, а победата се славеше и во Битола


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Ракометарите на Алкалоид ја оправдаа фаворитската улога и со победа од 29-26 над Охрид го заокружија регуларниот дел од сезоната. Овој триумф им донесе најмногу радост на Пелистер, кој ја задржа лидерската позиција и ќе пренесе три бодови во плејофот.

Натпреварот започна израмнето, при што двете екипи беа на исто ниво по 15 минути игра (7-7). Сепак, Алкaлoид го засили темпото и на полувреме замина со предност од 17-12. Охрид возврати во вториот дел и успеа да израмни на 19-19, но Алкалоид не дозволи целосен пресврт и го задржа водството до самиот крај.

Најефикасен кај Алкалоид беше Мартин Серафимов со осум погодоци, додека кај Охрид се истакна Теимурас Орјоникадзе со девет.

Во плејофот, Пелистер ќе стартува со три бодови, а Алкалоид и Вардар ќе понесат по два.