Алкалоид и АЕК нема да играат вечерва во Скопје


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Вечерва нема да се одржи реванш-мечот од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу ракометарите на Алкалоид и грчкиот АЕК, бидејќи гостите се одлучија да не излезат на теренот во арената „Борис Трајковски“.

Според РК Алкалоид, грчкиот клуб имаше обезбедено 200 билети, но повеќе навивачи од дозволеното се упатија кон Скопје. Полицијата ја оцени ситуацијата истакнувајќи безбедносни причини и не дозволи влез на сите припадници на АЕК.

Алкалоид го освои првиот меч со резултат 29-25, па се наоѓа блиску до историска победа.

Фото: Принтскрин