Алкалоид обезбеди осминафинале во ЕХФ Купот, но Лазаров е загрижен пред следните предизвици!


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Ракометарите на македонскиот вицешампион Алкалоид продолжуваат со успешните настапи во ЕХФ Купот, обезбедувајќи пласман во осминафиналето откако вечерва по вторпат го совладаа австрискиот тим Вест Виен со резултат 32-29.

Екипата, предводена од тренерот Кире Лазаров, ја презеде иницијативата уште од самиот почеток на натпреварот. Доминираа во првото полувреме, достигнувајќи убедлива предност од седум голови (15-8), но Вест Виен успеа да ја намали разликата на 16-12 пред паузата.

Во вториот дел, противникот силно започна и се доближи на само два гола разлика (18-20), што донесе тензија на теренот. Сепак, Алкалоид со организирана игра и стабилна одбрана успеа повторно да ја зголеми предноста и да го осигура триумфот со конечни 32-29.

По натпреварот, Кире Лазаров изрази задоволство од постигнатиот резултат, но беше критичен кон некои аспекти од играта на својата екипа.

„Нашата примарна цел беше да се пласираме во следната фаза, и тоа го остваривме. Сепак, игравме против тим со квалитет и карактер, кој во ниту еден момент не се предаде. Им дадов можност на сите ракометари да се покажат, но искрено, не сум задоволен од неколкумина. Ако сакаме да бидеме конкурентни против посилни противници, мора да работиме на отстранување на старите слабости и навики. Нè очекуваат многу потешки натпревари, и тоа е нешто што сериозно ме загрижува,“ истакна Лазаров.