Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Македонскиот ракометен клуб Алкалоид вечерва ќе го одигра првиот натпревар од финалето на Европскиот куп на ЕХФ против грчкиот АЕК. Натпреварот започнува во 18 часот во Атина и претставува врв на европската приказна на „фармацевтите“.
Тимот од скопската населба Автокоманда ја испиша својата историја со пласманот во големото финале, станувајќи петтиот македонски клуб што ќе игра во европско ракометно финале.
До оваа фаза Алкалоид стигна на импресивен начин, отстранувајќи пет сериозни противници во елиминациската фаза – Драгунас Клаипеда (Литванија), Вест Виен (Австрија), Бриксен (Италија), Баја Маре (Романија) и Рунар (Норвешка).
Фото: РК Алкалоид