Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Вечерва во 20:30 часот, ракометната екипа на Алкалоид ќе го игра клучниот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот куп против тимот на AEK, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Македонскиот состав сака да искористи предност од четири гола, стекната по триумфот во Атина со резултат од 29-25.
Под водство на легендарниот ракометар, Кире Лазаров, Алкалоид е многу блиску до својот прв европски трофеј, постигнување кое би било значајно за клуб кој постои само четири години. Доколку победат, ќе станат третиот македонски ракометен клуб кој освоил европска титула, по успехот на Кометал Ѓорче Петров и Вардар.
Покрај историското значење за клубот, овој натпревар носи и личен успех за Лазаров. Тој има уникатна можност да стане првиот Македонец што освоил европски трофеј и како тренер, откако за време на својата играчка кариера постигна значајни успеси.
Очекувањата на македонската публика се големи, тие се надеваат на уште една незаборавна вечер и славење на ново поглавје во македонската ракометна историја.
Фото: Принтскрин