Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз славеше со 7-6 и 6-1 против Данил Медведев во финалето на турнирот во Индијан Велс.
Алкараз се наоѓа во одлична форма, па најпрво во полуфиналето го елиминира Јаник Синер, а потоа го уништи и Медведев.
Медведев имаше предност од 3-0 во првиот сет, но потоа Шпанецот влезе во одличен ритам и го освои сетот со 7-6.
Ова беше прв трофеј за младиот и талентиран тенисер по пехарот на Вимблдон минатата година.