Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз веќе има освоено две гренслем-титули, а последната му припадна по победата против Новак Ѓоковиќ во Вимблдон.
Алкараз во интервју за „Л’Екип“ кажа какво е чувството да се победи против Ѓоковиќ и кажа кои особини би ги земал од легендарната тениска тројка.
„Кога ќе го победите Ѓоковиќ во грен-слем финале се чувствувате како малку подобар играч, Можеби луѓето сега поинаку ме гледаат бидејќи малкумина се оние кои можат да го победат. Кога ќе го совладате Ѓоковиќ во финалето тоа не може да биде обичен ден. Би го земал менталитетот од Рафа, класата и движењето на Федерер и сите удари на Ѓоковиќ затоа што се неверојатни“, кажа Алкараз.