„Алкараз ќе го мине Ѓоковиќ и ќе заврши прв во 2023 година“


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев кажа дека Карлос Алкараз е неверојатен играч и очекува да ја заврши сезоната на првото место на АТП-листата.

Медведев пред турнирот во Пекинг даде изјава за новинарите и кажа дека Алкараз има талент каков ретко се гледа во светот на тенисот.

„Мислам дека Ѓоковиќ нема да игра на многу турнири оваа сезона. Тоа отвора шанса за Алкараз да се врати на првата позиција. Само ако ја следиме логиката на работите, тоа сигурно ќе се случи. Што се однесува до мене, јас секогаш сонувам да бидам најдобар“, вели Медведев.

Русинот во моментов е трет на АТП-листата.