Алкараз ќе потпише договор вреден 200 милиони долари

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз наскоро би можел да потпише договор со американската компанија „Најк“.

Производителот на спортска опрема планира да потпише соработка со Алкараз, откако во минатото соработуваше со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„АС“ пишува дека Алкараз би потпишал 10-годишен договор вреден 20 милиони долари на годишно ниво.