Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е на добар пат да го освои турнирот во Мајами и да го задржи првото место на АТП-листата, откако синоќа славеше против Тејлор Фриц со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2.
Алкараз ја запиша 10. победа по ред во САД, откако претходно го освои Индијан Велс, а сега игра одлично и во Мајами.
Шпанецот засега нема загубено ниту еден сет, а во полуфиналето ќе игра против Јаник Синер од Италија, а ако слави, го чека битка против победникот од мечот меѓу Данил Медведев и Карен Хачанов.