Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
За првпат во својата кариера, Карлос Алкараз успеа да го победи Новак Ѓоковиќ на бетон – шпанскиот тенисер вчера во Њујорк славеше со 3:0 и се пласираше во финалето на УС Опен.
Алкараз има освоено една титула на УС Опен, и тоа пред три години. А, ако утре го победи Јаник Синер, ќе има по две титули на секој гренд слем.
“Не бев оптоварен со фактот дека никогаш не сум го победил Новак на бетон. Повеќе значеше тоа што игравме полуфинале, затоа што не е лесно да се игра против него. Тешко е да не размислуваш за сè што има постигнато во својата кариера. Тој е легенда”, искрен беше Алкараз по вчерашната победа.
Шпанецот на конференцијата откри што му рекол на Ѓоковиќ по мечот.
“Му реков дека е импресивен, дека е импресивно сè што направи оваа година на гренд слемовите, пласирајќи се на сите четири во полуфинале, предизвикувајќи многу помлади противници. Му реков дека физички изгледа како да има 25 години, дека е многу импресивно да се задржи тој нивo на 38”, објасни Шпанецот.
Фото: Принтскрин
.