Алкараз се откажа од турнирот во Рим


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Третиот тенисер во светот, Карлос Алкараз поради повреда мораше да се откаже од турнирот во Рим, кој се игра следната недела.

Алкараз чувствува болки во десната подлактица уште од поразот во четвртфиналето во Мадрид, па поради тоа го чека мала пауза.

„Чувствувам болка и непријатност во раката. Имав тестови и морам да паузирам. За жал, не можам да играм во Рим, ми треба одмор за да се рехабилитирам“, кажа Алкараз.