Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Нова ера во Реал Мадрид официјално започна во понеделникот со претставувањето на Шаби Алонсо во тренинг центарот Ciudad Deportiva во Валдебебас. Иако сѐ уште не се приклучи на работата на теренот – тоа ќе го направи на 9 јуни – поранешниот играч од средниот ред на Реал и шпанскиот репрезентативец го користи овој период заедно со неговиот стручен штаб за да ги анализира добрите и лошите страни од играта на неговиот нов тим за време на неодамна завршената сезона, пишува Defensa Central.
„Се разбира дека сѐ гледав! Ја анализирав играта и состојбата на играчите. Тоа ми помага да ја обликувам мојата идеја, проектот кој сега го започнуваме. Тренерите во крајна линија зависат од играчите, а овој тим има неверојатно натпреварувачко ниво.”
Непосредно по претставувањето, Алонсо целосно се посвети на анализата на тимот. Гледа снимки, анализира акции и бара начин како да го имплементира својот стил на работа, свесен дека ќе има многу малку време со играчите на Реал пред Светското клубско првенство.
Но, еден детал особено го збунува – начинот на кој „белите“ ги притискаа противниците. Алонсо наводно не разбира зошто Винициус Жуниор, Кијан Мбапе и Родриго Гоес често влегуваа во притисок сами, без поддршка од остатокот на тимот.
„Тоа е катастрофа”, изјави новиот тренер на Реал во текот на своите први денови во Валдебебас, анализирајќи ја досегашната игра и заклучувајќи дека тоа мора итно да го промени. Тренерот знае дека нема да има многу простор за големи промени до почетокот на Светското првенство, но планира веќе сега да интервенира во некои сегменти што ги водеше Карло Анчелоти.
Фото: Grok AI