Алонсо, Де Зерби, Нагелсман: Кој ќе го замени Клоп во Ливерпул?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот тренер Јирген Клоп пред неколку дена кажа дека заминува од кормилото на Ливерпул затоа што нема енергија да го предводи премиерлигашот.

Изјавата на Клоп предизвика паника кај навивачите на поранешниот англиски и европски шампион, а медиумите пишуваат кои се потенцијалните замени за Германецот.

Прв на листата е Чаби Алонсо од Баер Леверкузен, кој има одлични резултати оваа сезона, а во минатото го носеше дресот на Ливерпул.

На списокот се наоѓаат и Роберто Де Зерби од Брајтон, Јулијан Нагелсман од Германија, Анге Постекоглу од Тотнем, како и Стивен Џерард од Ал-Етифак.