Алонсо добива засилување за иднината, Реал ќе мора да плати 45 милиони долари


Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Клубот Реал Мадрид е пред договор со младиот аргентински фудбалер Франко Мастантуоно, 17-годишен напаѓач од Ривер Плејт, кој се смета за еден од најспособните млади играчи во светскиот фудбал.

Од извештаите се дознава дека мадридскиот клуб ги засилил преговорите со претставниците на Мастантуоно, а голема улога одиграла и телефонска комуникација со новиот тренер Чаби Алонсо, која го поттикнала младиот играч да се одлучи за „кралскиот клуб“, иако имало интерес и од други клубови како ПСЖ.

Ривер Плејт бара целосна исплата на клаузулата за откуп, која изнесува 45 милиони долари, со што би се забрзала процедурата на преговори.

Фото: Grok AI