Алонсо е нов возач на Астон Мартин!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фернандо Алонсо од 2023 година ќе вози за Астон Мартин, а ќе го замени Себастијан Фетел кој во четвртокот пред Големата награда на Унгарија соопшти дека се пензионира.

Алонсо нема намера да оди во пензија, а со оглед на тоа дека во Алпин за него нема повеќе место, Шпанецот реши да вози за Астон Мартин.

Алонсо немаше договор за следната сезона со Алпин, но тој е во лоши односи и со Естебан Окон, па најдобро за шпанскиот возач беше да си ја бара среќата на друго место.

„Астон Мартин има енергија и посветеност за победи и затоа е еден од највозбудливите тимови во Формул 1. Ги знам Лоренс и Ленсе со години и имаме исти амбиции и страст“, кажа Алонсо.