Алонсо ги шокираше навивачите на Реал и фудбалскиот свет со изјава по поразот од Барселона


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона синоќа го освои трофејот на шпанскиот Суперкуп откако во фантастично финале го победи Реал Мадрид со 3:2, а јавноста во Шпанија бруи за зборовите на Хаби Алонсо по поразот на неговиот тим во Ел Класико.

Алонсо смета дека овој пораз не е толку тежок, бидејќи станува збор за финале во најмалку значајното натпреварување, но навивачите на Реал не беа толерантни кон него поради тоа и сметаат дека нема да биде изненадување ако наскоро добие отказ.

“Кога го примивме третиот гол, бев 100% уверен дека имаме шанси да изедначиме. И имавме, но топката едноставно не сакаше да влезе во голот”, рече Алонсо на почетокот и продолжи.

“Мораме што побрзо да свртиме нов лист. Ова е само еден меч и тоа меч од Суперкупот. Од сите натпреварувања во кои учествуваме, ова беше најмалку важно. Мораме да продолжиме понатаму, да се опоравиме, да го подигнеме моралот и да се фокусираме на она што доаѓа”.