Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер и актуелен тренер на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо има одлични резултати во Бундеслигата.
Шпанецот во моментов е кандидат за титулата во германското првенство, па поради тоа е желба на многу гиганти.
Алонсо, сепак, откри дека повеќе уживал додека бил фудбалер отколку тренер.
„Не би требало да го кажам тоа, но подобро е да играш отколку да бидеш тренер. Охрабрен сум да поставам свои критериуми на теренот, да донесувам независни одлуки и да работам на тој начин. Не се работи за тоа дека играчите се роботи, работата не е во тоа“, кажа Алонсо.