Алонсо морал да прифати услов на Перез за да го преземе Реал Мадрид


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Приближува моментот кога Реал Мадрид ќе потврди дека Чаби Алонсо е новиот тренер на овој клуб, а полека излегуваат на површина деталите од договорот кој ќе го потпише. Исто така, Алонсо прифати и неколку услови кои му ги постави Флорентино Перез и еден од нив особено привлече внимание.

Карло Анчелоти ги брои своите последни натпревари на клупата на Реал Мадрид и веќе е јасно дека искусниот италијански стратег ќе добие отказ по завршувањето на Ла Лига.

Сепак, иако со Перез многу брзо ги договорил деталите од договорот, шпанските медиуми пишуваат дека тој морал да прифати и неколку услови кои ги постави претседателот на Реал Мадрид.

„Марка“ наведува дека Перез му дал на Алонсо до знаење дека ќе може да има збор кога станува збор за засилувања, но дека тој нема да биде тој кој ќе ја донесе главната одлука околу тоа кој ќе го доведе Реал.

Фото: Принтскрин