Алонсо му постави услов на Перез: Доведете го тој фудбалер и доаѓам!


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


Карло Анчелоти е сегашноста на Реал Мадрид, но Флорентино Перез е многу свесен дека наскоро ќе мора да бара нов шеф на стручниот штаб и изгледа дека веќе го подготвува теренот за следниот тренер на „Кралевите“.

Чаби Алонсо го воодушеви фудбалскиот свет со одличната мината сезона на клупата на Баер Леверкузен кого го направи еден од најдобрите тимови на денешницата.

„Фармацевтите“ станаа исклучително незгоден ривал за сите поради нивниот стил на игра и Алонсо се наметна како еден од најдобрите млади тренери во светот.

Веќе сега е јасно дека пред Шпанецот е блескава тренерска кариера и сигурно е дека еден ден ќе работи на клупата на водечките клубови во светот, пред сите Real Madrid.

Перез веќе има желба дека Алонсо ќе биде тој што ќе го наследи Анчелоти кога 65-годишникот ќе се одлучи да се пензионира, а од друга страна и самиот Шпанец има одредени барања.

Така, според „Дефенса Сентрал“, Алонсо веќе поставил услов до Perez, ако сака да го види на клупата. Во прашање е ангажирањетона Флориан Вирц, кој вреди над 100 милиони евра.