Алонсо одговори на прашањето за преземање на Ливерпул


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Колку се нестабилни позициите на Арн Слот и Чаби Алонсо потврдува и фактот дека Шпанецот денеска пред натпреварот со Манчестер сити мораше да одговори на прашањето за преземање на Ливерпул.

Алонсо ја подготвува екипата за дуелот со Манчестер сити, кој би можел да му ја одреди иднината во мадридскиот клуб, исто како што и статусот на Слот зависи од вечерашното гостување на “Џузепе Меаца”.

Бидејќи не е тајна дека Алонсо беше голема желба на Ливерпул да биде наследник на Јирген Клоп, не е ни чудо што денеска го прашаа за тоа.

“Ливерпул е мојот иден клуб? Во овој момент, јас сум тука каде што и сакам да бидам”, кажа кусо Алонсо.

Тоа не беше единственото прашање за Ливерпул, бидејќи новинарите го прашаа за одлуката на клубот да го отстрани Мохамед Салах и дали можеби истиот чекор треба да го преземе со Винисиус кога загуби нерви за време на “Ел класико”.

“Ливерпул носи свои одлуки онака како што смета дека е најдобро”, рече дипломатски Алонсо.