Алонсо: Рано е да мислиме на титула!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баер Леверкузен игра неверојатно оваа сезона и нема пораз во Бундеслигата, па затоа важи за еден од кандидатите за титулата, но тренерот Чаби Алонсо не сака да брза.

Алонсо вели дека е рано да се мисли на титулата затоа што сезоната не е ниту на половина пат.

„Мило ми е што играме добро. Не сакам да зборувам за мојата работа како тренер со голем авторитет бидејќи мислам дека го немам. Рано е за тоа, се трудам да ги слушам тренерите кои ги почитувам. За шансите за титулата не би зборувал, сè уште е рано за такво нешто“, вели Алонсо.