Алонсо: Реал Мадрид? Рано е да зборуваме за тоа…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо има одлични резултати во Бундеслигата и делува дека неговиот тим може да се бори за титулата.

Алонсо веќе се поврзува со кормилото на Реал Мадрид, каде што играше во минатото како фудбалер, но тој вели дека е рано да се зборува за такво нешто.

„Рано е да зборуваме за такво нешто. Сега е септември, така што ова не е тема за која треба да зборуваме“, кажа Алонсо.

На списокот на претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез се наоѓаат две имиња, а тоа се Алонсо и Роберто Де Зерби од Брајтон.