До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, смета дека ќе го задржи работното место во овој клуб и веќе почнал да размислува на кој начин да го засили својот тим во следниот преоден рок.
Алонсо не се откажува од убедување на своите шефови да доведат две големи ѕвезди од Ливерпул на Бернабеу, но Перез во тоа време сонува за играч од средниот ред Манчестер Јунајтед.
Како што се приближува јануарскиот преоден рок, шпанските медиуми известуваат за новите „напади“ на Реал Мадрид на играчите од Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Алонсо успеа да постигне победи во последните три натпревари на клупата на Реал Мадрид и смета дека заслужил да остане тренер на овој тим.
Сега се обидува да го убеди претседателот на Лос Бланкос, Флорентино Перез, во 2026 година да доведе тројца играчи, од кои двајца да бидат од Енфилд.
Имено, Чаби Алонсо сака да доведе двајца од Ливерпул, а тоа се работи за Ибрахима Конате и Флоријан Вирц.
Според Defensa Central, Алонсо сака Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок да ги доведе Конате и Вирц од Ливерпул, како и Анџело Стилер од Штутгарт.
Ни самиот Алонсо не верува дека неговите желби ќе се исполнат, но се обидува да го убеди Перез за тоа, меѓутоа првиот човек на Реал Мадрид сонува за друг играч.
Алонсо работеше со Вирц во Бајер Леверкузен и сакаше да го доведе во Реал Мадрид, но Ливерпул тоа го успеа за 133 милиони евра.
Бидејќи Алонсо сака нов играч од средниот ред, своето барање го започна и Флорентино Перез, кој сонува за Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед.
Реал Мадрид има финансиски капацитет да ја плати клаузулата за откуп на Фернандеш од 60 милиони евра, која ја има во договорот со Манчестер Јунајтед.
Португалецот има 31 година, а проблемот е што во Реал Мадрид немаат намера да трошат многу пари на играчи на таа возраст.
















