Алонсо се сели во Реал Мадрид, а со себе носи и ѕвезда од Леверкузен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот Чаби Алонсо имаше неверојатни резултати оваа сезона со Баер Леверкузен и ги освои германскиот шампионат и Куп, но остана без пехарот во Лига Европа.

Одличниот стратег доби голем број понуди за неговата иднина, меѓутоа реши да остане во Баер уште една сезона, по што треба да се пресели во Реал Мадрид.

„Билд“ пишува дека Алонсо со себе сака да земе уште една ѕвезда од Баер, а тоа е Флоријан Вирц чија цена изнесува над 100 милиони евра.

Германскиот фудбалер минатата сезона ја заврши со 18 голови и 20 асистенции на 49 настапи за Леверкузен.