Алонсо се враќа на тренерската работа и тоа на каков начин


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Чаби Алонсо го напушти Реал Мадрид по само шест месеци. Одличниот стручњак доби отказ по неколку слаби резултати, но тоа ги развесели многу клубови кои го сакаат на својата клупа. Тој ќе се врати на тренерската работа летово.

По неуспешната епизода во Реал Мадрид која траеше само шест месеци, Шаби Алонсо се враќа на тренерската работа. Тој новиот проект ќе го започне следното лето.

На масата на 44-годишниот експерт има многу понуди. Во следниот период ќе одлучи која ќе ја прифати.

На оваа тема говореше и угледниот италијански новинар Фабрицио Романо. Тој нагласува дека Шпанецот е подготвен за големо враќање.

„Алонсо се враќа во лето 2026 година. Не планира подолга пауза. Сака да работи и сè уште се смета за врвен тренер, а многу клубови веќе имаат подготвено договори”, вели Романо и продолжува:

„Најдобрите екипи во Европа покажуваат вистински голем интерес за Чаби. Не им е важно што имаше разочарувачки престој во Реал Мадрид. Тој има само 44 години, сè уште е млад и пред него е долга кариера.”

Се претпоставува дека Алонсо би можел да се пресели во англиската Премиер лига. Ливерпул и Манчестер Сити се клубови со кои се поврзува.