Алонсо во големи проблеми – дозна многу лоши вести за Реал Мадрид


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид – Алонсо синоќа доби многу лоши вести за кралскиот клуб.

Синоќа се одигра натпреварот од квалификациите за Светското првенство помеѓу Франција и Азербејџан.

„Триколорите“ поведоа со гол на Мбапе, а предноста ја удвои Рабио кој постигна гол на асистенција, од кого друг, ако не од Мбапе.

Во 83-та минута прекрасниот Французин мораше да ја напушти играта поради повреда и го замени Тоан.

И самиот Тоан се најде на листата на стрелците до крајот на натпреварот и го постави конечниот резултат на 3:0 за Франција.

По натпреварот, селекторот на Франција на прес-конференција ја спомена повредата на Мбапе.

„Доби уште еден удар во истиот зглоб кој веќе беше повреден. Болката се намалува кога одмара. Во натпреварите контактите се неизбежни. Ќе ја оцениме состојбата. Има непријатност која не му одговара”, рече тој.