Алушовски потврди дека Талески има понуда од Вардар, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски во специјалното интервју за „Балкан- хендбол“ потврди дека клубот испратил понуда за Филип Талески.

Алушовски истакна дека негова желба била да го види Талески во Скопје, меѓутоа играчот имал желба да продолжи да игра во Бундеслигата, нешто што според тренерот на вардарци е погрешно.

„Јас сакам Талески да дојде кај нас, тој има понуда од оваа година од јуни да биде во Вардар. Зошто и како тој себе се гледа во Германија, не можам да разберам. Неговата визија за ракометот е таква и тоа е тоа“ –изјави Алушовски.

Алушовски меѓу другото потврди дека Борко Ристовски ќе остане во редовите на Вардар и следната сезона.