Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Хулиан Алварез направи нов чекор во обидот да го напушти Атлетико Мадрид, а овој пат своето барање реши директно да му го соопшти на тренерот Диего Симеоне.
Симеоне уште минатата сабота, пред пријателскиот натпревар против Манчестер Сити, многу јасно проговори за ситуацијата.
“Ситуацијата е целосно јасна. Клубот донесе одлука која Мигел Анхел Гил Марин детално ја објасни. Многу сме задоволни од Хулиан и од спортска перспектива, ќе му помогнеме да продолжи да напредува и да се развива,” изјави тогаш Симеоне.
Токму таквиот став Симеоне го повтори и на Алварез за време на разговорот пред тренингот.
Според пишувањето на Мундо Депортиво, Симеоне и Алварез многу рано се појавиле во тренинг центарот, а тренерот при таа прилика ги поздравил играчите кои се вратија после одмор.
Меѓу нив беа Алварез, Алекс Баена и Маркос Љоренте, а аргентинскиот напаѓач ја искористи приликата да разговара со својот тренер.
Разговорот, според информациите на каталонскиот лист, помина пријателски, но Симеоне беше јасен во една работа.
















