Алварез поради незадоволство би можел да премине во Барселона?

Весникот „Ел Насионал“ пишува дека Хулијан Алварез (25) очајнички сака да Атлетико изгради тим способен за борба за титулата во Ла Лига и Лигата на шампионите.

Ако Аргентинецот не биде задоволен од наредната сезона, би можел да бара заминување, а Барселона е главниот фаворит за неговиот потпис.

Напаѓачот кој претходно играше за Ривер Плејт и Манчестер Сити во својата кариера веќе освоил сè. „Трансфермаркт“ го проценува на 100 милиони евра.

Фото: Принтскрин