Алварез прифаќа повик од најголемиот клуб во светот!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез игра одлично во дресот на Манчестер сити кога тренерот Пеп Гвардиола ќе му даде шанса, но наскоро би можел да го промени клубот.

Алварез има одлична сезона зад себе бидејќи освои неколку пехари со „граѓаните“, а претходно стана светски шампион со Аргентина.

Овој 23-годишен напаѓач привлече интерес од Реал Мадрид, кој планира да го купи Аргентинецот ако не успее да го ангажира Килијан Мбапе.

Трансферот е далеку од реализација, но „кралевите“ веќе работат на оваа „операција“ и наскоро се очекуваат повеќе детали од преговорите.

Манчестер сити нема евтино да го продаде Алварез, па „кралевите“ сигурно ќе треба да потрошат голема сума на пари.