Алваро Мората има јасен став: Што ли ќе се случува на релација Челси-Атлетико ова лето!?


Енрике лажеше? Шпанија го избра Мароко - 17 ден ↓↓↓



Алваро Мората не планира да се врати во Челси. Шпанецот во Атлетико Мадрид стигна на позајмица во Англија, и ги покажа своите квалитети.

Постигна 16 погодоци и покажа дека навистина направи вистински потег. Сега сака да остане во Атлетико и да продолжи со квалитетни партии.

„Јасно е дека сакам да останам во Мадрид. Немам намера никаде да одам, ќе направам се да останам и играм“, беше јасен Мората, а изјавата ја пренесува Марка.

„Сакам да продолжам со добрите игри. Се гледа дека напредувам и се надевам дека ова е вистинско решение за мене. Дадов се од себе при доаѓањето во Атлетико и истото ќе го направам за да останам тука“.

Она што секако може да претставува проблем е тоа што Челси поради забраната за трансфер би можел да добие забрана и во следните два преодни рока, па би морале потоа да ги вратат играчите од позајмица.

Сепак, Атлетико има право да го откупи договорот, па ќе биде многу интересно ова лети на релација на овие два клуба.