Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвес пред три дена беше ослободен од обвиненијата за силување во ноќен клуб во Барселона, за кое претходно беше осуден на четири и пол години.
Алвес помина неколку недели во затвор минатата година, за чие излегување плати кауција од милион евра, но сега сето тоа пропадна.
Зад Алвес е многу тежок период, бидејќи поради се, изгуби и брак со манекенката Јоана Санз, но таа по неколку месеци сепак одлучи да се смири со Бразилецот.
Тоа беше пред година дена, а денес, три дена по ослободителната пресуда за Алвес, Јоана објави дека е бремена.
Ваквата вест доаѓа и по трите нејзини спонтани аборти и две рунди на ИВФ третмани.
„Не сакав ништо да споделам додека не беше повеќе од очигледно, но сакав да го споделам тоа за оние кои се борат“, напиша на Инстаграм Санз.
