Алвес ќе добие девет години затвор поради силување!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските обвинители побараа затворска казна од девет години за поранешниот фудбалер на Барселона, Дани Алвес.

Алвес заврши во затвор во јануари под обвинение дека силувал една девојка во ноќен клуб во Барселона.

Јавниот обвинител побара од Алвес да плати и отштета од 150.000 евра на жртвата, а Бразилецот најверојатно ќе заврши и зад решетки.

За вакви случаи во Шпанија се казнува од четири до 15 години, а Бразилецот не успеа да се спаси од судење, иако тврдеше дека девојката се согласила да имаат интимни односи.

Да потсетиме, Алвес играше за Барселона од 2008 до 2016 година.