Алвеш кажа кој треба да ја освои „Златната топка“ и го воодушеви светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е само уште еден од фудбалерите кои дадоа свое мислење за „Златната топка“, а во конкуренција за наградата се Лионел Меси, Роберт Левандовски, Жоржињо, Карим Бензема, Мохамед Салах…

Алвеш даде одговор и го воодушеви светот, затоа што на прашањето кажа дека наградата треба да му припадне на Кристијан Ериксен, кој колабираше за време на Европското првенство (ЕП) минатото лето.

Ериксен уште е член на Интер, но нема да се враќа во Серија А затоа што му беше вграден дефибрилатор на срцето, па се шпекулира дека ќе го облече дресот на Ајакс.

„Мислам дека Ериксен ја заслужи наградата годинава поради тоа што го помина. Тоа беше силна порака до целиот свет. Меси е најдобар, тој е на врвот 20 години, но би било убаво признанието да го добие Ериксен“, кажа Алвеш.