Алвеш не собра пари за да ја плати кауцијата и ќе остане во затвор!


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш беше осуден на четири ипол години затвор поради силување во ноќен клуб во Барселона на крајот на 2022 година.

Судот во Барселона, сепак, во средата му дозволи на Алвеш да се брани од слобода ако плати кауција од милион евра.

Адвокатите на Алвеш не успеаја да ги соберат парите во предвидениот рок, па Бразилецот ќе остане во затвор и овој викенд, а на слобода може да излезе дури в понеделник.

Бразилецот веќе 14 месеци се наоѓа во затворот Брајанс 2, односно на 40 километри од Барселона.