Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Барселона одигра 1-1 против Наполи во првиот меч од шеснаесетина финалето во Лига Европа, а еден од најдобрите на теренот беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Во овој меч тренерот Чави не можеше да смета на Дани Алвеш, кој не е пријавен за натпреварите од европската лига, а неговото отсуство можеше да се забележи на теренот.
Алвеш им даваше поддршка на Каталонците од трибините, а по натпреварот замина во соблекувалната на гостите, по што го размени својот дрес со тој на Лоренцо Инсиње.
Бразилецот на Инстаграм се пофали дека добил дрес од Инсиње по натпреварот, па му се заблагодари на неговиот ривал поради размената.