Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид планира да ангажира нови засилувања со кои сака да го врати првото место во Шпанија, откако оваа сезона ја губи битката со Барселона за врвот.
Шпански „АС“ пишува дека Флорентино Перез планира нови ѕвезди во својата екипа, но дури во 2024 година, кога Мбапе би пристигнал бесплатно од Париз, додека Халанд ќе има активна откупна клаузула.
Мбапе има договор со ПСЖ до 2024 година, но очигледно не планира да остане долго во францускиот гигант, а Реал е подготвен да му ги исполни барњата.
Халанд во 2024 година ќе може да го промени тимот ако Реал плати 200 милиони евра, а за такво нешто е подготвен и Перез.