Амбициозен план на „кралевите“: Капитенот на Челси доаѓа во Реал Мадрид


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Реал Мадрид заврши со трансфери за ова лето, но веќе со мислите е на следниот летен преоден рок во кој ќе се обиде да го ангажира Рис Џејмс од Челси.

Тренерот Карло Анчелоти смета дека капитенот на Челси е идеален десен бек за неговата екипа и се надева дека конечно ќе го добие неговиот потпис.

Анчелоти беше заинтересиран за Џејмс и претходно, меѓутоа „сините“ не го пуштија англискиот репрезентативец.

Џејмс кажа дека е среќен на „Стемфорд бриџ“ и има договор до 2028 година, но тоа би можело да се промени ако пристигне примамлива понуда од Мадрид.

Десниот бек на „сините“ во моментов е повреден и го чека пауза од неколку недели.