Американците во чудо поради новиот изглед на Лука Дончиќ (Фото)


Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Лука Дончиќ ја напушти Далас Маверикс среде сезона и премина во Лос Анџелес Лејкерс. Неговиот трејд многумина ги шокираше, исто како и неговиот сегашен изглед.

Американските медиуми сега споделуваат фотографии од Дончиќ од Шпанија, каде што помина дел од својот годишен одмор. Се чини дека Лука навистина се извајал и би можел да биде уште подобар во следната сезона.

Евидентно е дека стомакот е исчезнат, а и рацете се издефинирани. Изгледа дека Лука максимално работел на себе со желба да добие што подобар физички изглед и да биде што поподготвен за она што го очекува во новата сезона на НБА.

Играше одлично во поголемиот дел од минатата сезона во Лејкерс, и заврши со просек од 28,2 поени, 8,2 скока и 7,7 асистенции по натпревар.

Фото: Grok AI