Американец ќе биде газда на Челси, Абрамович нема да добие ниту едно евро!

Челси конечно добива нов сопственик, откако Велика Британија го замрзна имотот на рускиот милијардер Роман Абрамович поради војната во Украина.

Околу два месеци се шпекулираше кој ќе го купи Челси, а синоќа конечно пристигна потврда, па така нов газда ќе биде Тод Боели, кој е ко-сопственик и на Лос Анџелес Лејкерс.

Боели заедно со неколку партнери договори преземање на Челси за сума од три милијарди евра, а трансакцијата ќе се реализира до крајот на месецот, односно откако пристигне зелено светло од британската Влада.

Интересно е тоа што Абрамович од продажбата нема да добие ниту евро, а целиот износ ќе го донира за помош на Украина.

„Фобрс“ открива дека Боели има имот од 4,5 милијарди евра, а прифатил и во следниот период да инвестира околу две милијарди евра во клубот.