Американец потпиша за МЗТ Скопје Аеродром


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Американецот, Ксавиер Темс е ново засилување на МЗТ Скопје Аеродром.

Потпиша 2-годишен договор со македонскиот клуб.

Се работи за бек кој има малку искуство во Европа играјќи за шпанската Севиља во 2014-та година. Темс играше за лудите мравки од Форт Вејн во америчката развојна НБДЛ лига. Две години беше дел од летната лига каде играше за Бруклин Нетс.

Новото засилување е делумно познато на македонската кошаркарска јавност бидејќи Темс беше дел од комбинираната македонска репрезентација која настапи во Кина.

Американецот е осмиот кошаркар кој летово потпиша договор со МЗТ по Џеремаја Мејси, Џош Скот, Шарлон Клоф, Урош Лукиќ, Ѓорѓе Дреновац, Јуре Лалиќ и Марко Симоновски.