Американка призна: Поради се*с за малку ќе останев без Олимписки игри!


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Вирџинија Фукс, членка на олимпискиот американски боксерски тим, имаше бизарен изговор за пад на допинг-тестирањето.

Таа падна на допинг-тест, но за среќа нема да остане без шанси да замине во Токио. Причината е едноставна, односно докажано е дека во нејзиното тело биле внесени недозволени супстанци преку се*с.

Американската анти-допинг агенција ја објави својата одлука за ослободување на 32-годишната боксерка од обвинувањата.

Таа се наоѓа во лесна категорија и низ квалификации ќе го бара својот пат до Јапонија. Неодамна беше капитен на олимписката репрезентација на САД.

„Ова беше одлична лекција за мене и сега кога е готово, целосно сум насочена кон Токио“, кажа Вирџинија.