Американски политичари во одбрана на Ѓоковиќ: Пуштете го да игра во Њујорк!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ не може да настапи на турнирите во САД затоа што не е вакциниран, а правилата им забрануваат на странските државјани да влезат во земјата ако немаат примено вакцина.

Американските политичари реагираа поради целата драма, а последни кои го кренаа гласот се Тед Круз и Марш Блекбурн.

„Казната е апсурдна. Бајден сака да промовира вечна пандемија. Пуштете го Новак да игра на турнирот“, кажа Круз за медиумите.

За медиумот зборуваше и Марш која му е лута претседателот на САД, Џо Бајден, кој вчера доби позитивен тест на ковид-19.

„Навистина е апсурдно тоа што Ѓоковиќ не смее да влезе во Америка. Никој не треба да биде казнет зашто не е вакциниран“, вели Блекбурн.