Американскиот кошаркар пронајден мртов


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американскиот кошаркар Стенли Робинсон беше пронајден мртов во неговиот дом во Алабама.

Телото на 32-годишниот кошаркар во неговиот дом го пронашла неговата мајка, а причината што довела до смрт на Робинсон ќе биде откриена по обдукцијата.

“Моето срце е скршено. Тој беше толку прекрасен човек и добра душа, премногу добар за овој свет. Секој го сакаше”, рече неговиот поранешен тренер на познатиот универзитет во Конектикат, Џим Калхун.

Робинсон беше одличен играч на колеџ. Тој беше избран за 59-ти пик во драфтот за 2010. година, но никогаш не направи кариера во НБА-лигата.

Играше во развојната лига, Порто Рико, Јужна Америка, па дури и стигна до Исланд. Негов последен тим беше чилеанскиот Еспањол де Талка.