Американските кошаркари креваат бунт: Не им се допаѓа стилот на игра на Попович!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Американците ги почнаа Олимписките игри (ОИ) со пораз од Франција, а не беа добри ниту на подтотовките каде што загубија од Нигерија и Аргентина, па јавноста оправдано почна да се сомнева во селекторот Грег Попович.

Попович тврди дека поразите се составен дел од спортот, но тоа нема да му помогне да ја освои соблекувалната, која кренала бунт против искусниот селектор.

Познато е дека Попович е тренер кој не е љубител на модерниот и брз стил на кошарка, која ја негуваат НБА-ѕвездите, па тие му кажале дека постојат и други начини кои треба да се тестираат.

Попович има став дека и останатите селекции ги стигнале во квалитет и дека разликата не е таква каква што беше во минатото.

Ова покажува дека САД нема лесно да го освои златниот медал, иако доминираше во светот на последните три Олимписки игри.